Невиден сајбер напад предизвика вистински хаос во францускиот малопродажен сектор откако хакери презедоа контрола врз системите за ладење и ги загреаја фрижидерите во супермаркетите до неверојатни 50°C! Ова предизвика расипување на огромни количини свежа и замрзната храна, а во некои објекти избувнаа и пожари.Нападот погоди стотици продавници на најголемите ланци како Intermarché, Netto, Coopérative U, Carrefour, Monoprix и E.Leclerc. Хакерите ја искористиле ранливоста во застарениот софтвер на контролорите за ладење, манипулирајќи со системите за да активираат принудно одмрзнување наместо ладење.
Штетите се колосални! Се проценуваат на десетици милиони евра само во еден ден, бидејќи маркетите мораа да ја фрлат целата залиха на храна за да ја запазат безбедноста на потрошувачите.
Француската влада итно отвори истрага за случајот, а експертите предупредуваат дека ова е „глобален аларм за будење“. Се стравува дека нападот не е ограничен само на Франција, бидејќи слични инциденти веќе се пријавени и во Шпанија, Португалија, Полска, Германија и Белгија.






Comments are closed.