Cafe De Anatolia официјално објави дека претстојниот настан во Скопје е целосно распродаден, само неколку дена пред одржувањето на долгоочекуваното шоу во Public Room.

Настанот, кој ќе се одржи на 8 мај, предизвика огромен интерес кај љубителите на Organic House и Afro House музиката, а распродадените билети уште еднаш потврдија дека македонската публика сè повеќе бара уникатни музички и аудио-визуелни искуства.
Cafe De Anatolia за првпат доаѓа во Скопје со целосен live концепт, носејќи препознатлива атмосфера која комбинира електронска музика, визуелна уметност, перформанси и lifestyle елементи во едно целосно доживување.
Организаторите преку социјалните мрежи упатија благодарност до сите посетители за поддршката и довербата, потенцирајќи дека токму публиката е причината поради која овој проект продолжува да расте на глобално ниво.
„Ви благодариме на сите што станавте дел од оваа приказна. Се гледаме во Скопје“, порачаа од Cafe De Anatolia.
Шоуто во Public Room се очекува да биде едно од најпосетените electronic music случувања сезонава во главниот град, со публика од повеќе градови и региони.
Со ова, Скопје уште еднаш се позиционира како важна дестинација за современата електронска музичка сцена на Балканот.





Comments are closed.