Македонската музичка сцена го очекува еден од најголемите музички настани во годината – големиот солистички концерт на Калиопи во арената „Борис Трајковски“ на 17 октомври 2026 година.

По целосно распродадената арена во 2024 година и четирите последователни распродадени концерти во Македонската филхармонија во 2025, интересот за нејзините настапи расте со секоја година.
Довербата од публиката е доказ за стабилната позиција што Калиопи ја има на домашната и регионалната музичка сцена.

Овој концерт не е само датум во календарот – тоа е вечер кога Скопје повторно ќе ѝ аплаудира на една од најсилните музички фигури во македонската историја.
Билетите се веќе достапни преку продажната мрежа на kupikarta.com, како и на продажните места Розе Веро 2, ЈК Травел Бисер и ЈК Травел Дајмонд.

Настапот во октомври ќе биде продукциски исчекор – ако претходните концерти беа симбол на триумф и интимна атмосфера, оваа година се најавува целосно аренско доживување, со засилена сценографија, впечатливи визуелни ефекти и врвна звучна продукција.
Со повеќедецениска кариера зад себе, Калиопи останува пример за уметник кој ја зачувал автентичноста, а истовремено постојано се надградува.
Препознатлива по моќниот вокал и сценската харизма, таа ветува вечер исполнета со безвременски хитови, но и нови музички моменти кои ќе ја пленат публиката.

Организаторите најавуваат внимателно осмислен светлосен и визуелен концепт, прилагоден за голема арена, како и продукција што ќе ја истакне моќта на живиот бенд и вокалната изведба, создавајќи вечер што ќе остане во сеќавање на сите присутни.






Comments are closed.