
Откако ја освои ноќната сцена во Дубаи, Санторини, Истанбул, Малта, Букурешт и последно Скопје — каде што фановите бараа карта повеќе за целосно распродадениот настап во Public Room — светски познатиот бренд Cafe De Anatolia официјално го најави својот прв дводневен фестивал во срцето на Виница, Aleksandar Park!
Ова нема да биде обичен фестивал, туку целосно искуство кое ги спојува музиката (Afro House & Organic House), уметноста, храната и врвната винска култура во еден незаборавен викенд.
Подгответе се за две спектакуларни фестивалски ноќи во петок и сабота од 20:00 до 03:00 часот со интернационални диџеи, танчерки, пантомимичари и уникатна фестивалска атмосфера каква што досега немало во Македонија.

Саботното попладне (15:00 – 20:00) носи посебно доживување: бесплатна дегустација на вина од повеќе од 5 локални винарии, бесплатна храна, уметнички изложби и фестивалски маркет со уникатни производи и рачни изработки.
Како бренд со светско признание поддржан од гиганти како Giorgio Armani, Four Seasons и Sony Music Publishing, Cafe De Anatolia ова лето ја носи светската фестивалска енергија директно во Македонија.
MKTICKETS.MK: https://mktickets.mk/en/concerts-en/cafe-de-anatolia-festival/
Не го пропуштајте 1 јуни — последен рок за купување „Early Bird“ билети пред почетокот на новата фаза на продажба. VIP картите се веќе пуштени во продажба и интересот е огромен!

MKTICKETS.MK: https://mktickets.mk/en/concerts-en/cafe-de-anatolia-festival/











Comments are closed.