Press "Enter" to skip to content

НАЈСТАРИОТ ПОТОНАТ БРОД ВО СВЕТОТ ПРОНАЈДЕН ПОКРАЈ БРЕГОТ НА АНТАЛИЈА!

Археолозите дојдоа до епохално откритие кај островот Кекова, во близина на турското летувалиште Анталија, на морското дно пронајдени се остатоци од она што веројатно е најстариот потонат брод во светот!

Се проценува дека овој брод потонал пред неверојатни 4.400 до 4.700 години, што значи дека пловел во истиот период кога се граделе славните пирамиди во Гиза. Експертите веруваат дека бродот бил долг околу 10 метри и пренесувал трговска стока кон Крит или кон античка Троја пред да настрада на оваа опасна поморска рута.

На локацијата, која подводните истражувачи ја нарекуваат вистински „златен рудник“, пронајдени се три камени котви и 30 керамички садови (амфори). Она што е најфасцинантно е дека во некои од нив сè уште има траги од содржината што се превезувала пред милениуми – вино, маслиново масло или смола од дрво!

Сите овие непроценливи артефакти наскоро ќе бидат изложени во новиот музеј во Анталија, каде јавноста ќе може одблиску да сведочи за ова древно поморско патување.

Повеќе во категорија СветПовеќе постови во категорија Свет »

Comments are closed.