Press "Enter" to skip to content

ИНСПЕКТОРИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ, КОЈ Ѝ ДАЛ ЛАЖНО АЛИБИ НА ИВА МИХАИЛОВА?

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) не застанува! Откако заврши надзорот на државната Клиника за неврологија, истрагата за избеганата Ива Михаилова сега се сели во приватните болници.

Михаилова, која на 11 октомври мистериозно ја премина бугарската граница и покрај тоа што ѝ беа одземени двата пасоши поради судски процес за смртна сообраќајка, во медиумите тврдеше дека „има конзилијарно мислење од пет лекари невролози и неврохирурзи од Скопје“. ДСЗИ веќе потврди дека оваа информација е неточна кога станува збор за државната клиника, но сега инспекторите проверуваат дали такво мислење било издадено од приватното здравство.

Уште еден скандалозен детал од истрагата: прегледите на Михаилова во државната клиника воопшто не биле евидентирани во системот „Мој термин“! Проф. д-р Иван Барбов, кој ја прегледувал, се правда дека системот технички не поддржувал пациенти без македонско здравствено осигурување.

Според министерот за здравство, Сашо Клековски, вистинската причина за бегството на Михајлова е тоа што таа испаничила пред најавеното доаѓање на бугарски лекари во Македонија, кои требале да потврдат дека кај неа всушност нема никаков медицински случај.

Повеќе во категорија ПолитикаПовеќе постови во категорија Политика »
Повеќе во категорија Црна ХроникаПовеќе постови во категорија Црна Хроника »

Comments are closed.