Историското прво издание на музичкото натпреварување „Евровизија Азија“ официјално ќе се одржи во 2026 година, а големиот спектакл е закажан за 14 ноември во главниот град на Тајланд, Бангкок.На грандиозната сцена ќе застанат претставници од 11 азиски држави, а секоја од нив ќе го избере својот фаворит преку национални финалиња во месеците пред главниот настан.
За сите евровизиски фанови ширум планетата, обезбеден е директен пренос на официјалниот YouTube-канал на Евровизија. Оваа платформа ќе биде главниот центар каде што публиката ќе може да ги следи сите случувања, резултатите и самото финале во живо.Најголемото изненадување е воведувањето на новата категорија за гласање – „Остатокот од светот“. Оваа опција ќе биде активна уште за време на националните избори, што значи дека љубителите на музиката од целиот свет ќе можат директно да одлучуваат кои песни ќе стигнат до големото финале во Бангкок.











Comments are closed.