Подгответе ги чадорите и топлата облека, бидејќи силна циклонска активност носи драстична промена на времето во Македонија! Од утре, па сѐ до средината на следната недела, нѐ очекува силно дестабилизирање на атмосферата.
Според предупредувањата на УХМР, времето ќе биде облачно и врнежливо, а најинтензивни врнежи се очекуваат в недела. На одредени места локалните процеси ќе прераснат во вистинско невреме проследено со пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар), засилен ветер и силни грмежи.
Но, вистинскиот шок доаѓа во вторник! Продорот на нов, студен воздушен бран драстично ќе ги спушти температурите, што ќе донесе вистинска зимска идила, на повисоките планини дождот ќе премине во снег!






Comments are closed.